Разрешен иранскиот министер за економија, Хемати
- Пратениците во иранскиот Парламент денеска го разрешија министерот за економија Абдолнасер Хемати

Техеран, 2 март 2025 (МИА) – Пратениците во иранскиот Парламент денеска го разрешија министерот за економија Абдолнасер Хемати.
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф изјави дека 182 од присутните 273 пратеници гласале против Хемати. Иранскиот парламент има 290 пратеници.
Хемати, како што се наведува во образложението, е сменет поради пад на вредноста на риалот и економските неуспеси. Во Иран сега еден долар се менува за 600.000 ријали. ми/
фото: МИА архива