• петок, 17 мај 2024

Пентагон: Вашингтон ќе ја снабдува Украина со муниција со осиромашен ураниум

Пентагон: Вашингтон ќе ја снабдува Украина со муниција со осиромашен ураниум

Вашингтон, 6 септември 2023 (МИА) - Вашингтон ќе ја снабдува Украина со муниција со осиромашен ураниум, соопшти денеска Пентагон, пренесоа светските агенции.

Тие се ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.

„Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови Абрамс ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан