• вторник, 05 ноември 2024

Пендаровски од Тетовско: Бев претседател на сите граѓани движејќи ја државата во евроатлантското семејство

Пендаровски од Тетовско: Бев претседател на сите граѓани движејќи ја државата во евроатлантското семејство

Тетово, 13 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендровски денеска во рамки на предизборната кампања одржа средби со граѓаните на тетовскиот регион. Во попладневните часови Пендаровски ја претстави својата програма пред жителите на Желино, Јегуновце и Теарце.

-Две работи се клучни за Македонија - стабилни меѓуетнички односи и интеграција на земјава во Европската Унија. Покажав дека во изминативе пет години не отстапив од овие вредности. Бев претседател на сите граѓани движејќи ја државата во евроатлантското семејство, порача Пендаровски од Теарце.

Во Јегуновце, пред граѓаните, Пендаровски рече дека е изграденото општество со стабилни меѓуетнички односи резултира со земја на сите, еднакви и рамноправни граѓани.

-И во вториот мандат ќе продолжам да бидам претседател кој обединува и претседател кој се грижи за сите граѓани. Број 1 за еднаков третман без разлика на верска, етничка или партиска припадност, исткна Пендаровски.

Во Желино Пендаровски ја побара поддршката на 24 април со избор на бројот 1 за зајакнување соживотот во државата.

-Во мојот прв мандат со ништо не придонесов да се нарушат меѓуетничките односи и мирот во државата. Еднакво ги третирав сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или партиска припадност. Така ќе продолжам да работам и понатаму, одговорно да им служам на сите, нагласи претседателскиот кандидато во Желино.

Активностите на Пендаровски во Тетовско завршуваат вечерва со митинзи во Брвеница и Тетово. ас/дма/


Фото: Стево Пендаровски ФБ профил 

Остани поврзан