• недела, 22 декември 2024

Пендаровски: Евроатланските интеграции и меѓуетничките односи се клучни стратешки континуитети за демократска и просперитетна држава

Пендаровски: Евроатланските интеграции и меѓуетничките односи се клучни стратешки континуитети за демократска и просперитетна држава

Штип, 5 април 2024 (МИА) – Вечерва повторно ја барам довербата од вас граѓаните, затоа што можам да ве погледнам во очи и да ви кажам дека во изминатите пет години зад моето име нема ниту една криминална афера, ниту еден случај на корупција, на провизии или на наместени тендери, порача на вечерашниот централен митинг на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Тој истакна дека ако ја добие довербата од граѓаните и во наредните пет години ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти, ќе продолжи со еднаквиот третман кон сите луѓе независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат. Забележа дека дека секогаш ќе ги почитува младите и нивниот успех, а ќе им помага и на понижените да добијат човечки третман, таму каде што живеат.

Пендаровски од Штип истакна дека јасно е оти  Македонија е можна само како демократска и просперитетна држава ако ги чува витални и ги одржува живи двата стратешки континуитети: евро-атланските интеграции и меѓу етничките односи.

Посочи дека како национален координатор за НАТО во 2018 година ги водел преговорите за членство во Алијансата, со што како што рече долгорочно е осигуран опстанокот на државата. Пендаровски вели дека ја подржал преговарачката рамка за влез во ЕУ, со којашто не само што се започнати преговорите по 18 години, тука какошто рече на централниот митинг во Штип, договорено е со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ.

-Во септември минатата година го потпишавме договорот со Фронтекс, европската агенција која се грижи т.н Шенгенски граници на англиски и на македонски јазик. Поголем доказ од тоа дека ние сме тие која ја штитат македонштината нема, а тие работат против таа кауза, вели Пендаровски.

Забележа дека сегашната опозиција била 11 година на власт и  не се памети дека имаат донесено една тешка одлука за државата, а токму преку носење на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но се губи рејтингот. Пендаровски додаде дека актуелната опозиција и тогаш и денес билљ заинтересирани само за власт и пари. Тој нагласи и дека неговата политичка филозофија е против поделбата на луѓето по било која основа, додека опозицијата дели на наши и ваши, патриоти и предавници  и затоа подвлече дека на овие избори со масовно гласање граѓаните треба да ја одбијат оваа понуда од опозицијата.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Пендаровски вечерва од централниот митинг на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порача дека по изборите нужно е да се направи целосен ветинг на судиите, обвинителите, но какошто рече и на политичарите. И тоа на сите кои намерно држеа предмети во своите фиоки или не можат да докажат како од плата станале милионери.

- Тие треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција. Македонската јавност е сведок дека како Претседател пет години во континуитет јавно ги осудувам грешките на сите коишто ги кршеа законите, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржуваа, рече Пендаровски. вдј/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан