Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис
- Севкупните билатерални односи меѓу двете земји што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит беа тема на разговор на денешнат
![Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис](https://mia.mk/images/20221114025559_big_730x400_2.webp )
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Севкупните билатерални односи меѓу двете земји што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит беа тема на разговор на денешната средба на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум меѓу претседателот Стево Пендаровски и неговиот романски колега Клаус Јоханис.
-Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
Стана збор и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.вј/са/
![Срба Пендаровски Јоханис](/articles/images/%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0/SPGazKEuA/placeholder.webp?use_watermark=0)