• понеделник, 25 ноември 2024

Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис

Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Севкупните билатерални односи меѓу двете земји што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит беа тема на разговор на денешната средба на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум меѓу претседателот Стево Пендаровски и неговиот романски колега Клаус Јоханис. -Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Пендаровски. Стана збор и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.вј/са/

Остани поврзан