• среда, 09 октомври 2024

Пекинг: Кина и Русија месецов ќе одржат заеднички воени вежби

Пекинг: Кина и Русија месецов ќе одржат заеднички воени вежби

Пекинг, 9 септември 2024 (МИА) – Кина овој месец ќе одржи заеднички воени вежби со Русија, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека поморските и воздушните сили ќе учествуваат во вежбите „Север-заеднички 2024“ во регионот на Јапонското Море и Охотското Море, во близина на брегот на Русија.

- Оваа вежба има за цел да го продлабочи нивото на стратешка соработка меѓу кинеската и руската војска и да ја зајакне нивната способност заеднички да се спротивстават на безбедносните закани, соопшти Министерството.

Двајцата сојузници ќе испратат поморски флоти во заеднички поморски патроли, а Кина ќе учествува и во руската стратешка вежба „Океан-2024“, се додава во соопштението.

Министерството не го прецизира датумот кога ќе бидат одржани вежбите. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан