Пекабеско со донација во храна за најпогодените семејства од коронавирусот
- Пекабеско донираше 7 тони храна и со тоа се приклучи на големиот број општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани кои пружаат несебична поддршка на нашите сограѓани кои најмн

Број на објава: 634/07/20
Датум: 31.07.2020
Клучни зборови:Пекабеско, донација
Имено, во текот на месеците јуни и јули, во соработка со Црвениот Крст, беа донирани пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи, исто така, се користат и за потребите за бездомните лица. Oд Црвениот Крст на Град Скопје истакнуваат дека во овој период е од исклучителна важност поддршката токму во пакети со прехранбени производи, бидејќи во време на криза, лицата во ризик се уште позагрозени и без никаков извор на егзистенција.
