Паункоски: Заедно да создадеме Дебрца каква што никогаш досега не сме имале
- На Дебрца ѝ требаат чесни, вредни и искрени луѓе, а токму такви ги имаме на нашата листа. Судбината на Дебрца е во вашите раце. Вашиот глас е ваше право – никој нема право да ве уценува, заплашува или притиска...Ајде заедно да создадеме Дебрца каква што никогаш досега не сме имале...“ порача Паункоски ветувајќи дека секогаш ќе биде достапен за граѓаните на Дебрца.
Охрид, 17 октомври 2025 (МИА) – Преку социјалните мрежи пред изборниот молк до гласачите се обрати и Љупчо Паункоски, кандидатот за градоначалник на Дебрца предложен од СДСМ и Коалицијата.
Тој ги повика граѓаните да не подлегнуваат на притисоци.
-Дебрца никогаш не подлегнала, ни во најтешките времиња, ни во војни. Ќе ви ветуваат сè и сешто – но тоа се само празни зборови и нови лаги. Можеби некаде ќе се обидат и со предизборен поткуп, но и тоа нема да им помине, вели тој.
На сограѓаните им порача дека секој негов даден збор е потежок од камен, дека како поранешен советник и како иден градоначалник знае што навистина ѝ треба на Оптшина Дебрца.
-На Дебрца ѝ требаат чесни, вредни и искрени луѓе, а токму такви ги имаме на нашата листа. Судбината на Дебрца е во вашите раце. Вашиот глас е ваше право – никој нема право да ве уценува, заплашува или притиска...Ајде заедно да создадеме Дебрца каква што никогаш досега не сме имале...порача Паункоски ветувајќи дека секогаш ќе биде достапен за граѓаните на Дебрца. аб/хс/
фото/Љупчо Паункоски