• петок, 22 ноември 2024

Партијата за движење на Турците: Опозицијата да се откаже од популизам и лични интереси и да се вклучи во евроинтеграциските процеси

Партијата за движење на Турците: Опозицијата да се откаже од популизам и лични интереси и да се вклучи во евроинтеграциските процеси

Скопје, 22 мај 2023

Партијата за движење на Турците (ТХП) во преполната сала на Филхармонија на Северна Македонија го прослави 19 Мај - Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот. 


На присутните им се обрати претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП) Енес Ибрахим, кој истакна дека турската заедница енергично и посветено работи за просперитетот на нашата земја, а и ТХП со сите свои кадри успешно придонесува за развојот на нашето општество. Ибрахим, во својот говор упати апел до сите политички чинители, вклучително и опозицијата да се откажат од популизам и лични интереси и да се вклучат во евроинтеграциските процеси, кои се од клучно значење за светлата иднина на нашата земја.

Во име на Владата на Република Северна Македонија се обрати министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која упати честитки и истакна дека е уверена за продолжувањето на братските односи меѓу двата народи.

Настанот заврши со концерт на познатиот турски поп пејач Озѓун.

Партијата за движење на Турците (ТХП) 

__________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Партија за движење на Турците

Остани поврзан