• четврток, 29 февруари 2024

Партиски реакции по најавата Џафери да биде премиер на техничката Влада, седница на ИО на СДСМ

Партиски реакции по најавата Џафери да биде премиер на техничката Влада, седница на ИО на СДСМ

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - СДСМ вечер на седница на Извршниот одбор треба да ја формализира одлуката актуелиот координатор на пратеничката група Јован Митрески, да биде претседател на Собранието до неговото распуштање, но и да донесе други одлуки и заклучоци. Митрески се очекува да биде предложен за оваа функција откако спикерот Талат Џафери беше номиниран од Демократската унија за интеграции за кандидат за премиер на преодната Влада, која се формира сто дена пред изборите. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран

Политичките партии вчера излегоа со свои ставови во врска со предлогот Џафери да биде на премиерската позиција, а ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го преиспита учеството во оваа Влада.

За СДСМ, е прифатлив предлогот актуелниот претседател на Собранието да биде технички премиер во 100-те дена пред изборите што треба да се одржат напролет.  

- Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и добро решение, изјави вчера пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.

На прашањето што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбие да биде дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложи министри и заменици-министри, Маркоска одговори дека „нема да им успее ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите“.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која бараше укинување на техничката влада, најавуваат дека во следниот период ќе донесат одлука да ќе учествуваат во оваа влада којашто, согласно Пржинскиот договор, треба да се формира 100 дена пред изборите. 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција изјави дека во следниот период телата на партијата ќе донесат одлука дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би учествувале во преодната влада. 

Епидемијата со Ковид-19 или коронавирусот во Македонија се шири, а за тоа најголема вина има неспособноста и неодговорноста на министерот за здравство Венко Филипче.

Според Стоилковски, СДСМ и прави штета на државата што не го прифатила нивниот предлог за укинување на Пржинската влада за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.

- Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел, посочи вчера  Стоилковски. 

Прашан дали би го гласале Јован Митревски за претседател на Собранието, Стоилковски рече дека тоа е не битно во моментот. 

Со техничка влада и премиер од редовите на ДУИ не се согласува ниту Демократскиот сојуз. Оттаму предупредуваат на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која, како што велат, дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници.

Демократскиот сојуз инсистира на темелна истрага за увозот на отпад во Македонија. Целта на истрагата, во која треба да се вклучат службите за разузнавање и национална безбедност, МВР, како и

-Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ. Сакаме да предупредиме дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и не поминуваат манипулациите дека тоа е Европски фронт, итн., посочуваат од ДС. 

За Алијанса на Албанците, предлогот Џафери да биде премиер на техничката влада е договор меѓу ДУИ и СДСМ, но ќе го поддржат.

Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгр

-Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори, вели претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.

И од Европскиот сојуз за промени велат дека се за премиер Албанец, но сметаат дека против албански премиер е и самата ДУИ, која, како што велат, ја загубила можноста да има премиер Албанец пред четири години кога ги измамила Албанците да гласаат за Насер Зибери, додека ДУИ гласала за Зоран Заев, а потоа за Димитар Ковачевски.

Предлогот Џафери да биде на чело на техничката Влада го донесе Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во петокот на состанок во партиското седиште. Џафери треба да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари до изборот на новата Влада. ев/бак/

Фото: МИА Архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан