• четврток, 24 октомври 2024

Парламентот на Ерменија го ратификува регулативот за границите со Азербејџан

Парламентот на Ерменија го ратификува регулативот за границите со Азербејџан

Ереван, 23 октомври 2024 (МИА) - Парламентот на Ерменија денеска го ратификуваше регулативот за заедничко делување на комисиите на Ерменија и Азербејџан за утврдување на граничната безбедност.

Регулативот, кој беше потпишан кон крајот на август, беше ратификуван на пленарна седница со поддршка од 67 гласа.

Во гласањето учествуваше само парламентарната група на владејачката партија „Граѓански договор“. Двете опозициски групи, „Ерменија“ и „Имам чест“, ги бојкотираа дебатата и гласањето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан