• четврток, 21 ноември 2024

Парламентарни избори во Грузија

Парламентарни избори во Грузија

Тбилиси, 26 октомври 2024 (МИА) – Грузиските избирачи денеска гласаат на парламентарни избори, а резултатите, според анкетите, засега се неизвесни.

Владејачката партија Грузиски сон е на власт од 2012 година и бара уште еден четиригодишен мандат. За опозицијата, гласањето претставува избор меѓу Западот или Русија и меѓу демократија и авторитаризам.

На парламентарните избори во Грузија учествуваат вкупно 18 партии.

Гласањето се спроведува според новиот изборен систем согласно кој партиите или коалициите треба да постигнат праг од пет отсто за да влезат во парламентот.

За прв пат Грузија ќе користи нов електронски систем за броење на гласачките ливчиња, со хартиена резервна копија, а резултатите се очекуваат еден до два часа по затворањето на гласачките места во 20 часот по грузиско време. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан