• недела, 22 декември 2024

Париз има свое „Забавно училиште“ каде што децата се вљубуваат во книгата преку игра

Париз има свое „Забавно училиште“ каде што децата се вљубуваат во книгата преку игра

Париз, 25 јули 2023 (МИА) - И Париз има своја „куќа на приказни“, по примерот на Шведска и Норвешка, каде што децата се вљубуваат во книгите преку игра, којашто има за цел да ги поттикне да читаат повеќе. Игротеката „Забавно училиште“ е отворена во јуни во Латинскиот Кварт во француската престолнина, и е посветена на литературата за деца. Во мигов таа е единствена од својот вид во Франција.

На простор од 130 квадратни метри, деца до седум години може да го истражуваат светот на имагинацијата, да прелистуваат сликовници и да слушаат приказни раскажани од посебни глумици - „тетки кои раскажуваат“, како што се нарекуваат. Меѓу омилените приказни, се чини, се „Корнебидуј“ - приказна за ужасна вештерка која прави супа со црви и пајаци, натаму - „Макс и Максичудовиштата“ итн.

Секој месец на младите читатели им се нудат по 10 нови наслови.

- Запознавањето со книгата преку игра е основата на нашиот проект... Овде детето игра како да е лик во приказната и просторот е уреден така што ќе го потсети на приказната што ја слуша. Некои мислат дека името на нашата куќа е „оксиморон“, но јас мислам дека тие поими (забава и училиште) се синоними. Можеби изгледаат како спротивни концепти, но всушност, тоа е истото нешто, вели Гијом Фабре, сосопственик на издавачката куќа.

Ова „Забавно училиште“ има фонд од 6.000 книги и ќе објавува 400 нови наслови годишно.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан