• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим
Рим, 9 мај 2021 (МИА) - Папата Франциск денеска повика на прекин на насилството во Ерусалим, повикувајќи ги двете страни да бараат решенија за почитување на мултикултурниот идентитет на светиот град. „Насилството раѓа насилство, запрете ги конфликтите“, рече Папата, обраќајќи се на аџиите кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим. Израелската полиција се судри со Палестинците синоќа пред стариот град во Ерусалим, а претходно спречи автобуси со муслимански верници кои се движеа кон тој град. Судирите избувнаа пред џамијата Ал Акса, каде што се собраа околу 90.000 Палестинци, а во источен Ерусалим полицијата употреби шок-бомби. Според палестинскиот Црвен крст, најмалку 53 лица се повредени, а израелската полиција наведува дека е повреден и еден полицаец. паг/

Остани поврзан