• понеделник, 09 септември 2024

Папата пристигна во Источен Тимор

Папата пристигна во Источен Тимор

Дили, 9 септември 2024 (МИА) – Папата Франциск пристигна во Источен Тимор за да го поттикне закрепнувањето на земјата од минато и да го прослави нејзиниот развој две децении по стекнувањето независност од Индонезија.

Папата пристигна во Дили од Папуа Нова Гвинеја и ја почна третата етапа од своето патување низ Југоисточна Азија и Океанија. Тој подоцна денеска ќе се состане со тиморските лидери и дипломати.

Источен Тимор, каде живее мнозинско католичко население, е една од најсиромашните земји во светот и со нетрпение го очекуваше пристигнувањето на папата веднаш по 25-годишнината од референдумот одржан под покровителство на ОН, кој го отвори патот кон независност од Индонезија.

- Нашата најголема надеж е дека тој ќе дојде кај нас за да го зајакне братството, националното единство, мирот и развојот во оваа нова земја, рече универзитетскиот професор Естевао Теи Фернандес пред пристигнувањето на папата.

Денеска беше сосема поинаква атмосфера отколку за време на последната посета на папа кога Јован Павле Втори го посети Тимор, кој во 1989 година сè уште беше окупиран дел на Индонезија и се бореше за слобода.

За време на 24-годишното владеење на Индонезија, беа убиени 200.000 луѓе. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан