• недела, 22 декември 2024

Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба

Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба

Трст, 7 јули 2024 (МИА) - Демократијата не е во добра состојба, изјави денеска папата Франциск, повикувајќи ги политичарите да го избегнуваат популизмот и наместо тоа да работат заедно за да изградат посилни општества и да се справат со апатијата на гласачите, пренесоа британските медиуми.

Зборувајќи на годишната католичка конвенција за социјални работи во Трст, папата рече дека многумина се чувствуваат исклучени од демократијата.

-Можете да видите дека во денешниот свет демократијата не е во добрасостојба“, изјави тој.

Според него, здравата демократија мора да ги избегнува „примесите на идеологијата“ и да се одвои од партиските борби, потпирајќи се, наместо тоа, на дијалог за суштинските прашања.

-Да не се залажуваме со лесни решенија. Наместо тоа, дозволете ни да ја почувствуваме желбата да му помогнеме на општото добро, повика тој.

Според папата, важно е децата да се учат на важноста на демократските вредности, предупредувајќи дека „рамнодушноста е рак на демократијата“.

-Загрижен сум поради малиот број луѓе што ќе гласаат. Зошто се случува ова?, праша тој во говорот на католичката конвенција во Трст. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан