• петок, 22 ноември 2024

Папата бара населението во Газа да има безбеден пристап до хуманитарната помош

Папата бара населението во Газа да има безбеден пристап до хуманитарната помош

Ватикан, 3 март 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска повика на населението од Појасот Газа да му се гарантира „безбеден пристап“ до хуманитарна помош.

Глад му се заканува на населението на оваа блокирана територија, што е под израелски напади од почетокот на војната меѓу исламистички Хамас и Израел, се наведува во проценката на Обединетите нации.

-Секој ден со тага во срцето го носам страдањето на жителите во Палестина и во Израел, поради тековните непријателства, рече папата по молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Го охрабрувам продолжувањето на преговорите за моментален прекин на огнот во Газа и целиот регион, така што сите (израелски) заложници да бидат ослободени и вратени кај нивните роднини, кои нервозно ги чекаат, и цивилното (палестинското) население да има безбеден пристап до хуманитарната помош, што им е итно потребна“, рече папата и апелираше за итен прекин на непријателствата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан