Панел дискусија за придобивките од Берлинскиот процес
- Панел дискусија „Придобивките од Берлинскиот процес за Северна Македонија: Осврт на сработеното во делот на заедничкиот регионален пазар со фокус на роамингот“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Институтот за демократија (ИДСЦС).

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) – Панел дискусија „Придобивките од Берлинскиот процес за Северна Македонија: Осврт на сработеното во делот на заедничкиот регионален пазар со фокус на роамингот“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Институтот за демократија (ИДСЦС).
Целта на настанот е да иницира дијалог за преземените заложби од Берлински процес, преку кратка презентација на досегашните успеси и предизвици на Берлинскиот процес кои спаѓаат во акциските планови за имплементацијата на заедничкиот регионален пазар и зелената агенда. Посебен фокус ќе биде ставен на роамингот како резултат од Берлинскиот процес.вј/мд/
Фото: МИА архива