Панди Јани: Гоце Делчев е вечна водилка на македонскиот народ
- Познатиот македонски активист од Пустец, Панди Јани задно со Спиро Малески, денеска се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас во Скопје оддавајќи му почит на македонскиот великан.

Дебар, 4 мај 2025 (МИА) - Познатиот македонски активист од Пустец, Панди Јани задно со Спиро Малески, денеска се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас во Скопје оддавајќи му почит на македонскиот великан.
-Со длабока почит се сеќаваме на великанот Гоце Делчев – визионер, револуционер и борец за слободата и достоинството на македонскиот народ. Гоце не ни остави само историја – ни остави пат, ни остави идеал, рече Панди Јани.
Додаде дека „неговата мисла за обединета и праведна иднина, за живот достоен за секој човек, и денес е нашиот компас".
-Во негово име, продолжуваме да се бориме за правда, за достоинство, и за иднина каде Македонците во секоја земја ќе живеат рамноправно и слободно. Вечна слава на Гоце Делчев, порача македонскиот активист Панди Јани. вт/дма/
Фото: Фејсбук Панди Јани