• вторник, 13 јануари 2026

Охридскиот театар премиерно денеска ќе ја изведе претставата „Генијална идеја“

Охридскиот театар премиерно денеска ќе ја изведе претставата „Генијална идеја“

Охрид, 17 декември 2025 (МИА) – Охридскиот народен театар денеска на матичната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе ја изведе претставата „Генијална идеја“.

Претставата е дуо-драма во која улогите ги толкуваат актерите Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска. Претставата е работена според текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. 

Претставата ќе се игра на Малата свена со почеток од 20 часот. Цената на билетот изнесува 300 денари, истите можат да се набават исклучиво на билетарата на Центарот за култура.

Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Македонија.аб/вј/

Фото: плакат

Остани поврзан