Официјално збратимени општините Крива Паланка и Грос Цимерн
- Општина Крива Паланка и Грос Цимерн од Германија официјално се збратимени градови.

Крива Паланка,10 октомври 2022 (МИА) - Општина Крива Паланка и Грос Цимерн од Германија официјално се збратимени градови.

-Задоволство и чест ми е што Општина Крива Паланка од денес ќе биде побогата бидејќи кругот на збратимени градови се проширува со уште една голема пријателска европска општина. Новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработки и продлабочување на воспоставените комуникации, изјави Митовски.
Гости на празнувањата на есенскиот „Фестивал на тиквата" , пто се одржа на 8 и 9 октомври, беа делегација од Општина Крива Паланка, од Советот на Општина Крива Паланка и Културно-уметничкото друштво „8 Октомври", а соработката во областа на културата ќе се проширува во иднина и на други полиња. ид/дма/