• петок, 05 декември 2025

Отстранет бесправно изграден објект и спречена узирпација на државно земјиште во Визбегово

Отстранет бесправно изграден објект и спречена узирпација на државно земјиште во Визбегово

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Општина Бутел во координирана акција со МВР, во раните утрински часови отстрани бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.

Од Општина Бутел нагласуваат дека Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општината.

Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок. Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе. Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште, вели Костовски.са/

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан