• четврток, 04 декември 2025

Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена

Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена

Скопје, 4 август 2025 (МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) соопшти дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 28 јули  до 2 август 2025 со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, информира ПОЦ. хс/дма/ 

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан