Отстранети неколку диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир
- Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје интервенирале на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, каде што се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани на улиците Лихнида, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров - во непосредна близина на објектот на старата општина.

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје интервенирале на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, каде што се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани на улиците Лихнида, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров - во непосредна близина на објектот на старата општина.
Како што информираат од ЈП Комунална хигиена - Скопјем воедно, подигнати се и околу 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов во скопската општина Чаир. сст/дма/
фото ЈП „Комунална хигиена“ Скопје