• петок, 20 септември 2024

Отпорноста кон корупција на локално ниво, фокус на средбата Минчев - Карлебах

Отпорноста кон корупција на локално ниво, фокус на средбата Минчев - Карлебах

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Проектот за градење отпорност кон корупција на локално ниво, беше една од клучните теми на денешната средба што ја реализираше министерот за јавна администрација Горан Минчев со Тања Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, ДМС системи и антикорупција од Националниот демократски институт (НДИ).

На средбата беше истакната важноста од зајакнување на демократските процеси и од унапредување на капацитетите на јавната администрација. Стана збор за можностите за соработка во областа на реформата на јавната администрација, за подобрување на DMS системите и за ефикасна борба против корупцијата.

Се разговараше и за тековните проекти што ги спроведува министерството, како и за можностите за идна соработка помеѓу двете страни. 

-Фокусот на средбата беше во рамките на проектот за градење отпорност кон корупција на локално ниво, финансиран од швајцарската агенција за развој и соработка. Министерот Минчев ја истакна важноста на овие иницијативи преку кои ќе се зголеми транспарентноста и довербата на граѓаните во институциите. Карлебах го поздрави напредокот на реформите во јавната администрација иницирани од министерството и изрази подготвеност за поддршка во фазите кои претстојат. Двете страни нагласија дека заедничките напори ќе придонесат за подобрување на јавната администрација и создавање на поефикасни механизми за справување со корупцијата, како и севкупно подобрување на работата во јавната администрација, информира Министерството за јавна администрација (МЈА). мч/аа/

фото: МЈА

Остани поврзан