• вторник, 05 ноември 2024

Отворен повик за бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина

Отворен повик за бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Младите од Северна Македонија и од останатите пет земји од Западен Балкан имаат нова можност за бесплатна едукација од областа на филмот. Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, поддржан од British Council, објавува повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret, што го организира 16. издание на фестивалот PriFest – International Prishtina Film Fest.

Како што се наведува во соопштението за проектот, фестивалот ќе се реализира од 10 до 15 септември 2024 година во Приштина, Косово.

-Овој настан нуди интензивно филмско искуство каде учесниците ќе се вклучат во креативни аудиовизуелни работилници и ќе соработуваат на кратки филмски проекти во ограничена временска рамка. Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори, се наведува во соопштението.

За да добијат поддршка од Edu Cuts, апликантите мора да се на возраст помеѓу 15 и 25 години, да знаат англиски јазик и да бидат државјани на една од земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Примените учесници ќе добијат потврда по имејл од фестивалот дека се прифатени да учествуваат.

(Заинтересираните треба да го пополнат следниот формулар https://forms.gle/swk1H9XiwGgDfANm7). 

Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти.

Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. вг/дма/

Фото: Постер

Остани поврзан