• петок, 22 ноември 2024

Отворен ден за граѓаните во Основен Суд - Куманово

Отворен ден за граѓаните во Основен Суд - Куманово
Куманово, 25 октомври 2021 (МИА) - Средношколци и студенти, денеска го посетија Основниот суд - Куманово по повод Европски ден на граѓанска правда – 25 октомври, каде беше организиран отворен ден за граѓаните. Судиите, вработените во судот одговараа на прашања на студентите кои се однесуваа на бројот на решени предмети, генерално за работата на судот во услови на пандемија. Основниот суд - Куманово е со проширена надлежност, постапува по сите видови предмети во граѓанска и кривична материја. По бројот на предмети и подрачјето кое го покрива и бројот на жителите во општините од североистокот, овој суд е меѓу најголемите во државата. Судот непречено работи и покрај пандемските услови, ретко се откажуваат судења освен во случај на изолација на странките или на некој судија. Во судниците се почитуваат протоколите. Внатрешна трансмисија на коронавирусот имало само во еден случај, останатите заболени биле однадвор. Лани, судот бил ажурен и покрај пандемската состојба. - Во овој момент судот има избрани судии кои постапуваат по предмети кои се во помал број од потребното на судот, а во 2022 не очекува помал на судии поради пензионирање и одлив на кадар. Судот согласно одлуката на судскиот совет треба да има 35 судии, а во моментов работиме со 21 судија и генерално ги покриваме потребите на граѓаните, истакна претседателката на Основен Суд - Куманово, Снежана Манев. Таа посочи дека недостиг има кривичниот оддел од еден до двајца судии. - Во моментов и судската служба е ангажирана во изборниот процес, околу 40-тина лица, што е недостиг за ефикасноста на судот. Се надеваме дека состојбата полека ќе се нормализира по завршување на изборите, вели Манев.ам/фф/

Остани поврзан