• четврток, 21 ноември 2024

Отворена истражна постапка за таткото осомничен за силување на своите ќерки и за мајката за нивно запуштање и малтретирање

Отворена истражна постапка за таткото осомничен за силување на своите ќерки и за мајката за нивно запуштање и малтретирање

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки, родени 2008, 2010 и 2014 година, кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.

Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело – запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

-Делото го сторила со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување и ги запуштила своите ќерки, кои и кажале дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, а таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. Со тоа допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита. На 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција, се вели во соопштението на ЈО.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за двајцата родители и иницира соодветно згрижување на сите деца од семејството преку надлежните служби. бт/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан