• четврток, 19 декември 2024

Отворена изложбата „Предок“ на Киро Урдин во Мајами

Отворена изложбата „Предок“ на Киро Урдин во Мајами

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, од 1 април е отворена изложбата „Предок“ на македонскиот ликовен уметник Киро Урдин. Оваа поставка, која е реализирана во соработка со „Клосер контемпорари арт“ од Белгија и „Ел еспацио 23“, ќе биде отворена за посетителите до 31 мај.

Урдин досега излагал свои дела во Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Кина, Порторико, Филипини и Тајван.

Киро Урдин е роден во 1945 година во Струмица. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 година работел како новинар, а подоцна студирал на Академијата за уметност во Париз. Од страна на „Академијата на филмот” во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на „Струшките вечери на поезијата”. Од 1984 година тој работи како слободен уметник во повеќе земји.

Киро Урдин

Покрај сликарството и книгите (афоризми „Le Dedoublement de la Personnalite”и „Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts” од издавачот Mayer) Урдин ги илустрирал книгите на Jacques Delors „Combats pour l’Europe” и на Анатоли Карпов „Mes plus belles victoires”.

Од работилницата на Урдин излезени се и неколку краткометражни филма – „Уметноста на Киро Урдин”, „Те сакам, Ибан” и „Планетариум” во продукција на МРТВ.

Сликата „Планетариум“ (со површина од 48 м2.) која е реализирана низ најзначајните културни центри на светот, (спаѓа меѓу најголемите во современа Европа) е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во Ејндховен – Холандија. „Планетариумот“ како мултимедијален проект се вбројува меѓу првите уметничкi делa во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариумот“ е снимен и филм кoj беше прикажан во официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло. бт/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан