• четврток, 04 декември 2025

Отворање на Центар за притвор за имигранти на Флорида, се очекува присуство на Трамп

Отворање на Центар за притвор за имигранти на Флорида, се очекува присуство на Трамп

Вашингтон, 30 јуни 2025 (МИА) - Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да присуствува на отворањето на новиот центар за притвор за имигранти во јужна Флорида, наречен „Алигатор Алкатраз“, објавија денеска американските медиуми. Центарот се отвора додека Трамп се обидува да го забрза процесот на притворање и депортација на имигрантите.

Трамп рече дека отворањето на центарот е неопходна мерка со оглед на милионите луѓе кои нелегално влегле во Соединетите Држави за време на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден.

Центарот го доби прекарот „Алигатор Алкатраз“ поради неговата оддалечена локација во мочуриштето Еверглејдс, кое е преполно со алигатори и змии и нуди висок степен на изолација со минимална безбедност. Бројот на имигранти во федерален притвор нагло се зголеми на 56.000 од 15 јуни, според податоците на американската влада. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан