• петок, 05 декември 2025

Отворање на изложба „Од ризницата на македонското Собрание“

Отворање на изложба „Од ризницата на македонското Собрание“

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде оптворена изложбата „Од ризницата на македонското Собрание“.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, изложбата ќе ја отвори претседателот на Собранието Африм Гачи, а ќе биде поставена во Кристалната сала.  

-Целта на изложбата е културна афирмација, промовирање, вреднување и зачувување на уметничките дела од еминентни македонски сликари, во насока на поголема грижа, заштита и зачувување на културното, етнолошкото и историското богатство во објектот на Собранието, стои во најавата за изложбата. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан