• среда, 17 јули 2024

Осум сириски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски напад врз областа Даара (ДПЛ)

Осум сириски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски напад врз областа Даара (ДПЛ)

Дамаск, 25 октомври 2023 (МИА) - Осум војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара, јави сириската државна агенција САНА, цитирајќи сириски воен извор.

Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени  авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел.

Војската не соопшти детали за овие напади, јавија британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан