• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Осуммина загинати во сообраќајна несреќа во Албанија

Осуммина загинати во сообраќајна несреќа во Албанија

Тирана, 2 април 2024 (МИА) - Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возило паднало во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата. 

Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет, каде се случила несреќата, пренесува Албанијан пост.

Порталот наведува дека има индиции дека возилото со возач Албанец, кој превезувал седум илегални мигранти, го бркала полицијата.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан