• петок, 20 декември 2024

Осумдесет и пет случаи заболени од грип евидентирани во Куманово

Осумдесет и пет случаи заболени од грип евидентирани во Куманово

Куманово, 19 ноември 2024 (МИА) - Осумдесет и пет случаи на заболени од грип се евидентирани во Куманово од октомври, соопштија денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово. Најголем број од заболените 52 лица се на возраст од 15 до 64 години, следува категорија на училишни деца од 5 до 14 години со вкупно 26 заболени, од повозрасните над 65 години има шест заболени и еден заболен на возраст до четиригодишна возраст.

- Вакцинацијата останува најуспешна, најбезбедна мерка против сезонскиот грип. Процесот на вакцинација трае. За да почне да дејствува потребно е од две до три недели, изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.

До вчера, од почетокот на вакцинацијата во Куманово против сезонски грип со бесплатна вакцина се имунизирале 2.700 лица од ризичните категории, лица над 65 години, хронично болните, здравствените работници. Во подрачните единици на Центарот за јавно здравје Куманово, во Крива Паланка аплицирани се 780 вакцини, во Кратово над 260. Послаб е интересот за комерцијалните вакцини. За овие вакцини најголем интерес покажале граѓаните на возраст помеѓу 40 и 50 години. ам/сст/


Фото: МИА

 

Остани поврзан