• недела, 09 јуни 2024

Оспособен привремено преминот на реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро

Оспособен привремено преминот на реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро

Кавадарци, 16 март 2024 (МИА) - Оспособен е привремено преминот на реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, откако беше оштетен на 2 март поради надојдена вода, потврди денеска за МИА Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај.

Златевски нагласи дека се чека намалување на водостојот на реката и најави дека ќе следи трајно решавање на проблемот од страна на локалната самоуправа. 

Претходно, на почетокот од март, тој информираше за МИА дека преминот беше оштетен поради поголемо количество на вода што надошла во реката, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови. 

Тој нагласи тогаш дека за новонастанатиот проблем е известена локалната самоуправа и оштетувањето ќе биде санирано најбрзо што може. 

Златевски потсети дека овој дел од Тиквешијата изобилува со природни убавини за рурален и алтернативен вид туризам и овде веќе имаат изградено викендички тиквешани, но и вљубеници во природата од други места.свд/бт/

Фото: МИА архива и Јован Златевски 

Остани поврзан