• четврток, 02 мај 2024

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на психијатриско вештачење во Белград

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на психијатриско вештачење во Белград

Белград, 25 април 2024 (МИА) – На психијатриско вештачење се испратени во Специјалната затворска болница во Белград осомничените С.Ј. и Д.Д, за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бор, јави Н1. 
Двете лица, вработени во Водовод Бор, на возраст од 50 години беа уапсени на 4 април под сомнение дека го убиле двегодишното девојче.

Двајцата осомничени, како што тогаш информираа од полицијата, во целост го признале извршувањето на тоа кривично дело.

Тие беа сослушани на 5 април во Обвинителството во Заечар, кога Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. бранеше со молчење. Тогаш на осомничените им беше изречена мерка притвор од еден месец.

Телото на двегодишното девојче до денеска не е пронајдено. зш/

Остани поврзан