• понеделник, 18 ноември 2024

Османи – Милков: Заложби за продолжување на соработката во сите области од взаемен интерес

Османи – Милков: Заложби за продолжување на соработката во сите области од взаемен интерес
Скопје, 12 август 2022 (МИА) - Европските интеграции на земјава и заложбите да продолжи развојот на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, беа меѓу темите на телефонскиот разговор на министерот за надворешни работи Бујар Османи со новиот шеф на бугарската дипломатија Николај Милков. Како што соопшти МНР, упатувајќи му честитки на Милков за новата функција, Османи изрази подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената соработка, со цел зацврстување на пријателството меѓу двете земји. За време на разговорот беше поздравен почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и беше нагласена европска перспектива за земјава, како взаемен интерес не само на двете држави, туку и на целиот регион, и на самата Унија. Соговорниците разменија мислења и за партнерството во НАТО, со посебен фокус на кризата предизвикана од руската агресија врз Украина, потоа за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелни прашања во доменот на надворешната политика, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан