Стружани за Велигден ја негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет
- Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција. На Велики четврток, за време на вечерната богослужба, храмовите покрај со големиот број верници се исполнуваат со шарени кошнички со вапсани јајца и парчиња облека. Убаво спакувани, секоја со свој препознатлив детал, ја надополнуваат и онака величествената атмосфера во црквите. Таму остануваат до Велики петок или Велика сабота, кога верниците ги земаат повторно дома. Се верува дека носат здравје, спасение и исцелување.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.