• недела, 22 декември 2024

Османи: Случајот со приведениот дипломат е можност системот да го вратиме таму каде што му е местото

Османи: Случајот со приведениот дипломат е можност системот да го вратиме таму каде што му е местото
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Случајот со приведениот дипломат Миле Миленковски е можност системот да го вратиме таму каде што му е местото и да го вратиме и зачуваме достоинството на ова важно Министерство и служба. Очигледно системот има слабости децении наназад. Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Одговарајќи на новинарски прашања рече дека уште во 2009 година дипломатот е испратен во Детроит, за два месеци е овластен да раководи со крипто заштита, во 2009 година од Детроит е преместен во Вашингтон, од каде Антонио Милошоски го преместува во Чикаго, а потоа следниот министер го праќа во Виена, од каде следниот министер го преместува од мисија во Амбасада, бидејќи сите се водат по принципот има национален сертификат. - Шпекулации тука по ходниците јас слушам за сите дипломати. Писмо единствено добил мојот претодник со прашање дали има дипломатски пасош меѓутоа никакво известување понатаму. Ние требаше уште во февруари да добиеме известување дека има потерница по диломатот, сигурно некој би преземал мерки, рече Османи. Кога имате сертификат за безбедност, појасни минисерот, тоа значи дека вие имаат пристап до документ, дали го имате тој пристап во директоратот за мултиратерала или во мисијата во Виена е исто. - Дури во директоратот има повеќе доверливи информации затоа што се собираат од цел свет отколку во една мисија, или во едно претставништво. Сите што имаат национален сертификат имаат гаранција од службите дека тие се безбедни да работат со документи, а со тоа ми дава право и да ги разпределам дали на втори, дали на четврти спрат, дали во мсиија во Виена, дали во Вашингтон. Тоа е едно хоризонтално распоредување, потенцира Османи. Во врска со тоа зошто е пратен, рече „бидејќи ние го преземаме претседателството со ОБСЕ донесовме одлука мисијата на ОБСЕ да го зголеми бројот на дипломати од тројца колку што се во моментов во вонредно на 15 дипломати и тоа ексклузивно заради прашањето на претседавањето“. - Значи нема ниту една мисија наша која има 15 дипломати, но одлуката ја донесовме дека во наредните две години ќе има 15 дипломати со тоа што дадов насока во првата група да одат дипломати кои имаат најмалку еден мандат во ОБСЕ заради тоа што тоа е голема мисија, претседателството е едно од најголемите предизвици со кои ќе се соочиме како држава. Ми беше важно да одат дипломати кои биле најмалку еден мандат за да се создаде неопходната подготовка за да ги пуштиме потоа и новите дипломати. Тоа беше единствената причина зошто овој дипломат е упатен во мисија, кој лично никогаш не сум го видел ниту го знам, меѓутоа тој ги има исполнето трите услови, има национален сертификат, рече Османи. Посочи дека не прават проверка, ниту законот ги обврзува да прават дополнителни проверки во однос на диплома, само проверуваат дали има национален безбедносен сертификат. - Ако има тоа значи дека некој друг гарантира дека тој е безбеден за упатување. Тоа ми дава право после јас проценувам дали тој ми треба тука или таму. Ви кажав зошто ми требаше таму заради податокот и насоката моја да се упатат во правата група луѓето кои имаат најмалку еден мандат и третиот услов - исполнети две години во Министерството, што значи после две години може да се упати. Се друго е шпекулации, дневна партиска политика. Тука работат чесни професионалци, кои работат сериозно, деноноќно за да се подобри меѓународната позиција на државата и нема да дозволам заради некои криминалци некој да го руши имиџот на Министерството. Верувајте колку и да звучи лошо драго ми е што е упатен затоа што доколку не беше упатен тој ќе продолжеше да има дипломатски пасош, национален сертификат, да останеше во Министерството и да има пристап до документи, рече Османи. Ова, потенцира, покажа слабости повеќе во други институции, но и во МНР, слабости и во координацијата и внатре меѓутоа затоа покренав процес на ревидирање на сите чекори и процедури со цел да го зачуваме дигнитетот на оваа важна институција за државата. На прашање дали ветингот и другите издадени сертификати се валидни, рече дека единствен документ кој е стигнат во МНР и тоа на десет месеци пред да дојде во МНР е едно писмо од МВР во кое прашуваат дали овие тројца дипломати имаат дипломатски пасош и дали во 2018 година биле на службен пат. - МНР одговара на тоа прашање и нема повратен одговор и нема повратен одговор ниту насока дека МНР во тоа време требало да постапи нешто во однос на тие дипломати. Едно барање е одговорено дека имаат дипломатски пасоши, не биле на службен пат во 2018 година и нема повратно. Значи ние немавме никакво известување дека има црвена потерница во МВР по однос на конкретниот дипломат се додека не беше притворен. Јас се уште немам известување дали и други кои се спомнуваат имаат потерница иако на моја одговорност ги суспендирав и двата дипломатски пасоши иако тоа е само мое дискрециона одлука да ги суспендирам, но нема официјално известување дека има други потерници и истраги. Значи немаме начин да ги провериме, јас неможам да знам дали за другите дипломати можеби има истраги. Мене ми е важно како министер дали има сертификат, штом го има некој друг гарантира за безбедноста на тие граѓани, рече Османи. Во врска со тоа како е замислен ветингот истакна дека прво ќе има ресертифицирање. Сертификатите, посочи, се добиваат со валидност на пет години, се прават проверки, процедури кои се согласно закон и потоа добиваат. - На пример Миле Миленковски добил сетификат во февруари 2019 година со валидност од пет години до 2024 година. Со тоа тој имал целосно право да има пристап до документи, работа дали во МНР...Дилемата која се отвора во јавноста зошто бил упатен тоа е најмалку релеватно, бидејќи тоа е дел на МНР. Дали Миле Миленковски бил на четврти спрат и имал пристап до документи кои се за цел свет или имал пристап во една мисија тоа е помалку важно, важно е каков ни е системот на сертифицирање и што треба да правиме од сега, па натаму, истакна Османи. Затоа, потенцира, одам на двете варијанти, за раководителите и одредени личности кои имаа сензитивни позиции во МНР барам задолжително НАТО сертифицирање доколку сакаат да ги задржат позициите, бидејќи тоа значи домашна плус НАТО проверка, за амбасадорите воведувам исто така  НАТО сертифицирање, а за сите вработени ресертифицирање иако пред два дена добиле серитификат, да поминат уште еднаш проверка, да одат во АНБ, бидејќи јас немам друг начин, нема механизми да одам и да истражувам за луѓето, ниту да верувам на шпекулации по ходници кои се многу чести во компетитивните министерства. - Суспендирани се дипломатските пасоши за другите двајца дипломати, едниот е пензиониран, а другиот е на годишен одмор, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по брифингот по повод првата архивска изложба на МНР насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика”. рп/ац/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан