Османи: Словенија е сојузник и близок пријател на Косово
- - Поддршката на Словенија одигра значајна улога во зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово, рече Османи, додавајќи дека за време на средбата биле разгледани и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот.

Приштина, 19 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека Словенија е еден од најблиските сојузници и пријатели на Косово. Оваа изјава беше дадена за време на работниот ручек со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар во Приштина.
Османи изрази благодарност за словенечките војници во составот на КФОР, кои придонесуваат за стабилноста во регионот. Таа исто така ја истакна посветеноста на Косово кон евроатлантските интеграции и зајакнувањето на билатералните односи со Словенија.
- Поддршката на Словенија одигра значајна улога во зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово, рече Османи, додавајќи дека за време на средбата биле разгледани и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот. ссм/
фото: архива