• петок, 12 април 2024

Османи се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации

Османи се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Промоцијата и заштитата на човековите права како основа на уставниот поредок, како и посветеноста на јакнењето на мултилатералната соработка во насока на нивно почитување и заштита се основа на надворешната политика на Република Северна Македонија, истакна  министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во видеообраќање на Сегментот на високо ниво на 55-тата сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева.

Шефот на дипломатијата во излагањето посочил дека земјава тоа најдобро го докажала за време на претседателството со ОБСЕ минатата година под паролата „За луѓето се работи”, „ставајќи ги во фокусот  адресирањето на дискриминацијата и нетолеранцијата, борбата против трговија со луѓе, слободата на медиумите, младите и граѓанското општество, насилството над жените и родовата еднаквост“.

-Османи потсети на кандидатурата на Република Северна Македонија за членство во Советот за човекови права за периодот 2025-2027 година и изрази надеж дека на земјата ќе и биде дадена можност вторпат активно да учествува во работата на Советот за човекови права на Обединетите нации, кој останува круцијален форум за дискусија за справувањето со предизвиците кои го доведуваат во прашање уживањето на човековите права и слободи, информира МНР. 

На сесијата на Високиот сегмент, која ќе трае од 26 февруари до 5 април, учествуваат шефови на влади и држави и министри за надворешни работи, со цел да ја реафирмираат важноста на работата на Советот за човеки права и неговите механизми за целосно справување со предизвиците заради уживање на човековите права и слободи, но  и заради преземање одговорности  од  глобалната агендата за човекови права пред претстојниот Самит за иднината на Обединетите нации. хс/лв/

Фото: Министерство за надворешни работи 

Остани поврзан