• петок, 22 ноември 2024

Османи: Потребно е да се покрене нивото на комуникација меѓу НАТО и Украина на ниво на Совет

Османи: Потребно е да се покрене нивото на комуникација меѓу НАТО и Украина на ниво на Совет

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Во овој момент треба да се покрене нивото на комуникација меѓу НАТО и Украина на ниво на Совет и треба да се даде точен план и предвидливост во тој дел, потенцираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на прашање дали како министер би поддржале членство на Украина во НАТО.

Тој вечерва во своето гостување на телевизија Канал 5 потсети дека имаме декларација со која кажуваме дека го поддржуваме членството на Украина.

-Ние имаме став во тој дел кој го комуницираме во рамки на членството иако ние имавме декларација која ја потпишаа претседателот Пендаровски заедно со неколку претседатели од Југоисточна Европа, со која кажуваме дека ја поддржуваме членство на Украина, но во овој момент сме на став дека треба да се покрене нивото на комуникација меѓу НАТО и Украина на ниво на Совет и дека треба да се даде точен план и предвидливост во тој дел, рече Османи. бт/ев/

Фото/ принтскрин

Остани поврзан