• четврток, 25 јули 2024

Османи на одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права на OН во Женева 

Османи на одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права на OН во Женева 

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на настанот на високо ниво за Одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, организиран од Обединетите Нации во Женева. 

Преку неговото обраќање, Османи ќе ги презентира заложбите на Северна Македонија во овој важен домен. 

За време на престојот во Женева, Османи ќе оствари низа билатерални средби со високиот комесар за човекови права Волкер Турк и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди, како и генералните директори на Светската здравствена организација и Меѓународната организација за миграции Тедрос Аданом и Ејми Поуп. ев/

Остани поврзан