• петок, 22 ноември 2024

Османи меѓу 13 министри за надворешни работи со уникатна твитирана верзија на украинската химна по повод Денот на независноста

Османи меѓу 13 министри за надворешни работи со уникатна твитирана верзија на украинската химна по повод Денот на независноста

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се приклучи на меѓународната иницијатива за одбележување на Денот на независноста на Украина, 24 август.

Во рамки на одбележувањето, Османи се приклучи на иницијативата на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, која ја поддржаа голем број на министри за надворешни работи. 

Како што информира МНР, Османи се надоврза на нишката од стихови на украинската химна која ја започна Кулеба на неговиот профил на социјалната мрежа „X“, а на која се надоврзаа светските шефови на дипломатијата.

-Ова е уште еден симболичен гест кој ја потврдува поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина за заштита и одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет кој е под напад од руската воена агресија, наведува МНР.

Во знак на поддршка, на зградата на МНР вчера беше поставено и украинското знаме во чест на Денот на државното знаме на Украина. мч/лв/

Остани поврзан