Османи изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко
- Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот твитер профил изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко.
Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот твитер профил изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко.
Тој упати и желби за брзо закрепнување на повредените.
-Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените, наведе Османи на твитер. мч/дма/
Фото: МИА архива