• вторник, 05 ноември 2024

Хуманитарен концерт „Во спомен на љубовта за Данче“

Хуманитарен концерт „Во спомен на љубовта за Данче“

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Хуманитарен концерт „Во спомен на љубовта за Данче“ ќе се одржи вечер во Националната опера и балет. Концертот е во чест на 10-годишнината од смртта на македонскиот музички менаџер и продуцент Даниел Милошески – Данче.

На концертот ќе настапат Ареа, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и Нон стоп, ДНК, „Златно славејче“, Кристина Арнаудова, Николче Мицевски, Поп арт бенд, Пајак и Лара и Слаткаристика.

- Делото и името на Данче засекогаш ќе живеат во срцата на сите што го познаваа и соработуваа со него, а нека живее и идејата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош. Неговата работа и посветеност ги поставија темелите на современата македонска музичка сцена, а неговата енергија, посветеност и неуморна работа ќе останат како инспирација за сите кои се дел од музичката индустрија, се вели во најавата за концертот.  

Комплетниот приход од овој концерт ќе биде дониран за здружението Асоцијација за цистична фиброза. мд/сст/

Фото: Плакат

Остани поврзан