• четврток, 12 јуни 2025
МИА Најави МКД

10 јуни 2025 

Скопје - Седница бр. 28 на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Парламентарен караван во Паркот „Жена - Борец“ во Скопје : Запознајте го Собранието, разговарајте со пратениците. (11:00)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје. (Зграда на МТВ/11:00/По настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите)

Тетово - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на Тетово Биљаљ Касами ќе го посетат реконструираното ОУ „Андреја Савески - Ќиќиш“. (10:00)

Скопје - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе одржи брифинг во врска со отворање на истражна постапка поврзана со реализацијата што под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК ја спроведоа полициски службеници. Брифингот ќе биде со предметната обвинителка​ Верица Бержецка Крстева, а на истиот ќе присуствуваат и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО ГОКК Ислам Абази. (во зградата на ОЈО ГОККП/ 11:00)

Скопје  - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) ќе се обрати на трибината за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната. (Клуб на пратеници/Изјави за медиумите 9:30/инсерти 9:45)

Скопје - Изјава за медиуми на директорот на Царинската управа Бобан Николовски за реализација на приходи. (Царинска управа/11:30)

Кавадарци - Продолжуваат информативните денови за Оперативниот план за вработување. (Советот на Општина Кавадарци/10:00/Изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на настанот)

Скопје - Брифинг-појадок со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. (Ресторан „Маџо“/10:00/По завршување на брифингот предвидени се изјави за медиумите)  

Скопје - Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје ќе го презентира проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“. (Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (центар Автокоманда)/10:30)

Битола - Конференција „Зелена транзиција: Паметни патишта кон одржлив развој“. (Студентски информативн центар/12:00) 

Скопје - Македонската Филхармонија ќе одржи прес-конференција по повод престојниот концерт на отворено во Градскиот парк на 13 јуни. (Камерна сала на Филхармонија/11:00) 

Скопје - Книгоиздавателствто „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетската професорка и книжевна критичарка  „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска. (Книжарница „Матица македонска“ на Булеварот на книгите (бул. „Св. Климент Охридски“/19:00)

Скопје - Почнува Фестивалот за класичен балет и модерен танц во организација на Детскиот културен центар – Карпош. (Македонски народен театар/20:00) 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан