• недела, 22 декември 2024

Османи: Големо не за воведување историски толкувања во патоказите, големо да за правата на заедниците без разлика на нивната големина

Османи: Големо не за воведување историски толкувања во патоказите, големо да за правата на заедниците без разлика на нивната големина

Скопје, 29 август 2023

"Прво, добро е што Александар Адам е со нас овде, бидејќи тој е еден од архитектите на таканаречениот француски предлог. И овој предлог што доведе до договор минатата година се засноваше на некои принципи.

Принципот дека македонскиот јазик ќе биде во преговарачка рамка без никакви дополнувања и ќе биде официјален јазик на Европската Унија откако ќе станеме членка на ЕУ. 

Големо НЕ за воведување историски толкувања во патоказите, кластерите, поглавјата, одредниците на преговарачкиот процес. Големо НЕ за секоја дебата за идентитетот по пат. 

Но, едно големо ДА за правата на заедниците, за правата на малцинствата без разлика на нивната големина, бидејќи ова е нашиот белег – Северна Македонија е позната по својата функционална мултиетничка демократија. 

Значи, ДА за уставни измени, ДА за воведување на најширок пакет привилегии за сите заедници, вклучително и на бугарската заедница, кој врз основа на последниот попис брои околу 3500. Ова е принципот на кој се засноваме. Понекогаш кога имаме различни толкувања меѓу нас и Софија, велиме: Да ги повикаме Париз и Александар Адам да ни објаснат, затоа што тоа се главните принципи."

Министерство за надворешни работи, дел од обраќањето на министерот Бујар Османи на Бледскиот форум

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МНР

 

Остани поврзан