Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан
- Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан, со седиште во Белград, Камил Касијев, информираат од МНР.
![Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан](https://mia.mk/images/20230331114827_big_730x400_58.webp )
Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан, со седиште во Белград, Камил Касијев, информираат од МНР.
-Министерот Османи посакувајќи му успех на амбасадорот Касијев, изрази увереност во понатамошниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на економската соработка и енергетиката. Беше изразено особено задоволството за одличната соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатурите во меѓународните институции, соопштуваат од МНР.
Од Министерството дополнуваат дека на средбата станало збор и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, како и други меѓународни прашања и регионални теми. ир/аа/
Фото: МНР